Нова опасност – „пандемија во пандемија“

од Nikola Popovski

Министерот за здравство на Австрија, Рудолф Аншобер, предупреди денеска, по повод зголемениот број новозаразени и се повеќе случаи на нови видови, за опасност од „пандемија во пандемија“.

За само неколку недели, британскиот вид стана доминантен во Австрија, бидејќи го потисна претходниот вид, кој имаше учество од 61,5 проценти во петтата недела од оваа година и 36,3 проценти во осмата недела.

Во меѓувреме, британскиот вид е причина за појава на Ковид-19 во 58,4 проценти од случаите во Австрија.

„За Австрија, доминацијата на британскиот вид не е добра вест. Тој е поинфективен од основниот вирус,и тоа, во Австрија, за 23%“, нагласил тој.

Аншобер посочил дека сега е важно да се почитуваат мерките за, и покрај доминацијата на британскиот вид, да се помине добро низ кризата до Велигден.

„По Велигден, ќе биде полесно, бидејќи поради повисоките температури, граѓаните ќе поминуваат помалку време во затворени простории и ќе се постигне поголема стапка на вакцинација на населението“, објаснил тој, како што пренесува Танјуг.

Слични содржини