Нова песок торта која ги освојува сите што ќе ја пробаат

од desk2

Брза и едноставна песок торта!

СОСТОЈКИ:
1 л млеко
2 пудинга од ванила
250 гр шеќер
3 кесички ванилин шеќер
1 чоколадо за готвење
200 гр мелени лешници
200 гр кокос
200 гр мелени бисквити
1 пакување бисквити
2 кесички шлаг пена
250 гр маргарин

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Пудингот разматете го со малку млеко, а останатото млеко ставете го со шеќер да зоврие па додајте разматен пудинг. Гответе додека не згусне. Кога филот ќе се излади додајте му ванилин шеќер и маргарин, па поделете ја смесата на 3 еднакви дела.
Во првиот дел додајте растопено чоколадо и лешници, во вториот кокос, а во третиот мелени бисквити.
Редете ред бисквити – фил со чоколадо и лешници, ред бисквити – фил со бисквити, ред бисквити – фил со кокос, ред бисквити и на крај украсете со шлаг.
Уживајте!/Gotvi.mk

Слични содржини