Нова работа за Шевченко: Дојде во Украина да се сретне со Зеленски

од Stefanija Kuzmanovska

Украина го повика најпознатиот фудбалер во историјата да ѝ помогне.

Украинската фудбалска ѕвезда Андреј Шевченко стана првиот амбасадор на Фондацијата за обнова и развој на Украина.

Зеленски на профилот на Телеграм напиша дека Шевченко со својата работа и спортски успеси стекна голема доверба на меѓународната сцена.

„Сега тој има нова мисија, да му каже на светот за настаните во Украина и да го искористи своето влијание за собирање меѓународна помош. Сигурен сум дека ќе успее“, рече Зеленски.

Шевченко важи за најдобар фудбалер во историјата на Украина. За репрезентацијата играше 111 пати и постигна 48 гола, а играше за киевски Динамо, Милан и Челзи.

По играчката кариера се сврте кон тренерската работа, а досега ги водеше селекциите на Украина и Џенова.

„Отпатував од Лондон во Киев за лично да се сретнам со претседателот. Долги години ја претставував Украина на меѓународната фудбалска арена. Денес, кога мојата земја е опустошена од војна, мојот приоритет е да ѝ помогнам на Украина, а не на фудбалот. Повикувам на донации“, рече Шевченко.

Слични содржини