Нова рампа за Киев од Германија: Тенковите „Леопард“ не можат во Украина пред 2024

од Nikola Popovski

Германскиот производител на оружје „Рајнметал“ би можел да ги испорача на Украина борбените тенкови „Леопард 2“ најрано во 2024 година, изјави денеска извршниот директор на таа фабрика.

Тој за Билд изјави дека поправката на тенковите ќе чини неколку стотици милиони евра и дека возилата мора целосно да се демонтираат и повторно да се состават.

По САД, Германија испрати најголема воена помош за Украина.

Германија претходно овој месец објави дека ќе испрати пешадиски борбени возила „Мардер“ во Украина, а Киев побара и испорака на потешки тенкови, како што е Леопард, пренесе Ројтерс.

Слични содржини