Нова рестрикција: Угостителските објекти да работат до 21 часот

од Берта Китинска

Денеска Комисијата за заразни болести би требало да предложи работното време на угостителските објекти дополнително да се намали на 21,00 часот. Оваа предлог мерка ќе биде разгледана на владина седница за нејзино усвојување.

-Забраната за групирање, скратувањето на време на работа на угостителските објекти, ќе го предложиме наместо до 23, до 21 часот, забраната за групирање на отворено наместо 22 да биде 21 часот согласно затворањето на угостителските објекти , препораката да нема домашни посети, препораката сите да работат кои можат согласно работниот процес од дома, 50 проценти исполнетост на капацитетите на возилата за јавен транспорт дека ќе даде резултати, најави вчера министерото за здравство Венко Филипче.

На 20 октомври, работното време на угостителските објекти беше ограничено на 23 часот, што е една од мерките за спречување на ширење на коренот на вирусот.

Слични содржини