Нова средба Коѕијас-Димитров на 12-ти април во Охрид

од Vladimir Zorba

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас на 12 април ќе се сретнат во Охрид.

Коѕијас ќе допатува во Охрид од Белград, а претходно ќе ја посети и Приштина, објави reader.gr.

Тоа ќе биде втора посета на Коѕијас на Република Македонија во последните дваесеттина дена.

Коѕијас на 23 март во Скопје се сретна со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со премиерот Зоран Заев, со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ./МИА

Слични содржини