Нова студија: „Модерна“ штити подобро од делта варијантата отколку „Фајзер“

од Vladimir Zorba

Истражувањата, чии резултати се базирани на податоци собрани меѓу 600.000 Американци, покажаа дека ефективноста на вакцините почна да опаѓа кога делта-варијантата стана доминантна.

Едно објаснување може да биде постепено слабеење на имунитетот, а друго дека делта-вирусот успева да ги избегне замките на имунолошкиот систем на „погенијален“ начин. Но, исто така, може да биде и комбинација од овие претпоставки.

Резултатите од студијата покажаа дека, во борбата против делта-видот, од трите различни производители на вакцини одобрени во Америка, „Модерна“ е најуспешната вакцина. Оваа вакцина штити 95 проценти, додека вакцината „Фајзер“ заштитува 80 проценти, додека „Џonонсон и Џонсон“ само 60 проценти.

Ова одговара на резултатите од помалата студија на Клиниката Мајо во август, која исто така покажа дека вакцината на „Модерна“ штити подобро од делта варијантата отколку вакцината „Фајзер / Бајонтек“.

Слични содржини