Нова студија открива кој најтешко се опоравува од Ковид-19

од Nikola Popovski

Една нова студија открива дека седум од десет лица хоспитализирани поради Ковид-19 не се опоравиле целосно пет месеци по излегувањето од болницата.

Луѓето кои страдале од корона и по завршувањето на инфекцијата имаат здравствени проблеми. Едно од пет лица пријавило нов здравствен проблем, а сличен број или не работат или мора да ја сменат работата поради нивното здравје, според наодите на британските научници.

Средовечни жени кои имале потешка форма на болеста, како и луѓе кои имале дијабетес, астма или срцеви заболувања, се изложени на најголем ризик од постојани симптоми.

„Нашите резултати покажуваат симптоми, ментални и физички здравствени проблеми и докази за оштетување на органите пет месеци по отпуштањето од болница“, рекол Рејчел Еванс, професор на Универзитетот во Лестер.

Една студија спроведена низ Велика Британија анализирала 1.077 лица кои биле отпуштени од болница во периодот март и ноември 2020 година, кај кои се развил Ковид-19. Меѓу нив, 36 проценти биле жени, а 50 проценти имале најмалку две состојби кои ги изложуваат на ризик за потешка форма на болеста.

Кога учесниците биле следени пет месеци подоцна, само 29 проценти од луѓето рекле дека се чувствуваат целосно закрепнато, додека повеќе од 90 проценти од луѓето имале барем еден постојан симптом, а повеќето доживеале во просек девет постојани симптоми.

Најчести биле болка во мускулите, замор, физичко забавување, нарушен квалитет на сон, болки во зглобовите или отоци, отежнато дишење, краткотрајно губење на меморијата и бавно размислување, според податоците од истражувањето.

Ковид-19 оставил и последици поменталното здравје – повеќе од 25 проценти од луѓето имале клинички симптоми на анксиозност или депресија, а 12 проценти имале симптоми на посттрауматско стресно нарушување.

Пет месеци по испуштањето, пациентите со најтешки симптоми имале повисоко ниво на протеин наречен Ц-реактивен протеин, кој е поврзан со воспаление во телото.

„Знаеме дека автоимунитетот, кога телото има имунолошки одговор на сопствените здрави клетки и органи, е почест кај жени на средна возраст. Ова може да објасни зошто пост-ковидниот синдром се чини дека е позастапен во оваа група, но потребна е дополнителна анализа за целосно разбирање на сите процеси “, рекол авторката на студијата, Луис Вејн од Универзитетот во Лестер.

Слични содржини