Нова студија: Вакцината „Фајзер“ значително го намалува преносот на вирусот

од Берта Китинска

Само една доза вакцина Фајзер го намалува бројот на асимптоматски случаи на инфекција со ковид 19.

Според порталот New Scientist, научници од Кембриџ ги анализирале податоците на илјадници луѓе заразени со коронавирус и дошле до заклучок дека, со само една доза вакцина на Фајзер, можноста за пренесување на инфекцијата може значително да се намали.

„Тоа е драматично намалување на бројот на асимптоматски позитивни тестови кај здравствените работници кои примиле единствена доза вакцина Пагер“, рече Ник Џoнсонс од универзитетската болница во Кембриџ, кој е еден од докторите што ја водат студијата (што сè уште не било независно прегледано).

Тие ги споредиле податоците на асимптоматските здравствени работници кои биле вакцинирани и оние кои не биле и така дошле до заклучок дека дури 80% од невакцинираните биле заразени со короната. Само 37% од нив биле позитивни во првите 12 дена по вакцинирањето, а 20% од нив по 12 или повеќе дена.

Од овие резултати, може да се заклучи дека ризикот од асимптоматска инфекција со коронавирус се намалува четири пати кога ќе поминат 12 или повеќе дена од вакцината, што е доста импресивно.

“Ова е многу добра вест. Вакцината Фајзер штити од ковид 19, но исто така ја намалува можноста за пренесување на инфекцијата на други лица. Сепак, мора да бидеме свесни дека не обезбедува целосна заштита за секого”, рече Мајк Викс, од Универзитет во Кембриџ.

Слични содржини