Новак доби поддршка од Париз: „Слобода за Ѓоковиќ“ (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ доби голема поддршка од Париз.

Демонстрациите во Париз против задолжителната вакцинација, спонтано се пренасочија во поддршка за тенисерот Новак Ѓоковиќ.

Голем број од оние што се собраа за да протестираат против задолжителната вакцинација, како и против вакцинацијата на децата со пароли и транспаренти: „Држете ги рацете од нашите деца“, по разглас од микрофонот „Слобода за Ѓоковиќ“, почнаа хорски да ги повторува изговорените зборови.

Новак, практично во тој момент стана нивниот невакциниран херој кој неправедно е затворено во Австралија, каде чека околу полноќ по европско време да почне неговото судење, пренесе „Спутник Србија“.

 

Слични содржини