Актуелно
Почетна / Спорт / Новак Ѓоковиќ и сопругата Јелена се опоравија од коронавирусот: Новите тестови се негативни

Новак Ѓоковиќ и сопругата Јелена се опоравија од коронавирусот: Новите тестови се негативни

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на „Ковид-19“. Ова го покажаа најновите резултати од тестот за ПЦР што и двајцата го направија во Белград.

Новак и Јелена не почувствуваа никакви симптоми на вирусот и го направија тестот по претходна согласност со докторите.

Претходните 10 дена, од враќањето од Задар, семејството Ѓоковиќ помина во изолација, следејќи ги сите протоколи и безбедносните мерки поврзани со Ковид-19.

Да ве потсетиме, Новак Ѓоковиќ се зарази на турнејата Адрија, откако беше во контакт со Григор Димитров, првиот тенисер на кој му беше дијагностициран вирусот од турнејата Адрија.

Заедно со Новак, позитивни на тестот беа Борна Чориќ, Виктор Троики и неговата сопруга Александра, како и фитнес тренерот на Новак, Марко Паники и тренерот на Димитров, Кристијан Грох.

Откако беше објавено дека Димитров е позитивен, Адрија турнејата во Задар беше прекината пред финалето. Веднаш после тоа, Новак беше нападнат од светските медиуми и бројни критичари во Србија.

loading...