Новак Ѓоковиќ ја откри главната цел до крајот на кариерата

од Nikola Popovski

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ изјави дека неговата цел е да го престигне Роџер Федерер по бројот на освоени грен слемови.

Во разговор со италијанските новинари во Рим, каде учествува на Мастерсот, Ѓоковиќ истакнал дека ќе стори се за тоа да се случи.

„Сакам да го соборам рекордот на Федерер“, рекол Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер има 17 трофеи од најважните турнири, два помалку од Рафаел Надал и три помалку од рекордерот Роџер Федерер.

Тој го посочил Рафаел Надал како главен фаворит на претстојниот Мастерс во Рим.

„Рафа е фаворит. Веднаш зад него е Доминик Тим“, посочил српскиот тенисер.

Мастерсот во главниот град на Италија се игра за награден фонд од 3.465.045 евра, а титулата ја брани Надал.

Слични содржини