Новаковски и Гошев не гледаат закана во СМС пораката на Русковска до Уставните судии

од Aleksandar Todeski

Адвокатите Туше Гошев и Александар Новаковски не гледаат никаква закана кон Уставните судии во пораката на обвинителката Вилма Русковска дека „ќе ги истресе од гаќи со финансиска истрага“ зошто ја пуштиле Катица Јанева од притвор.

Тоа не е закана, тоа е мисла дека треба веќе некој во Македонија да застане на страната на правото, односно доследно да се донесе одлука, а не судот да донесе сопствено мислење. Од тие причини, ваквото одлучување, нашето судство ја изгуби довербата и јавноста повеќе нема доверба во одлуките кои ги носат судиите. Мислата не е закана, одлука за отпочнување на дејствие, а не дејствие кое може да направи дело“, вели Гошев.

Според адвокатот Александар Новаковски, кој е бранител на Зоран Милевски – Кичеец, второобвинет во „Рекет“, закана во пораката нема.

„Вака, не гледам закана во СМС пораката на обвинителката Вилма Русковска до судиите во Апелација. Има еклатантни примери за кршење на законот од страна на судии. Кај нас има многу чесни судии кои судат во првостепен суд, но има и многу привилегирани судии, не зборувам за овие судии од Уставен суд“, вели Новаковски.

Адвокатот Туше Гошев нагласи дека е падната довербата во судиите.

„Ако ги гледате незаконски снимените разговори и ако видите кои дела излегуваат од нив, јасно ќе видите дека кај нас судството не реагира. Втор доказ е извештајот на Прибе, каде што е наведено дека судството не функционира во владеењето на правото и заштита на човековите права. Се поставува прашањето дали понатаму треба да му се остави на судството вака да функционира, дали ветингот еднаш засекогаш ќе ги реши проблемите во судството. Рекацијата на судскиот совет без да ги најде причините зошто е дојдено до таа состојба, за мене е практично инкризиционен начин на постапување на судството каде што судството на ваков начин се брани од одлучувањето на својата одлука“, рече тој.

Слични содржини