Новаковски за Даштевски: Факт е дека во овој состав на ДИК нема доверба

од Nikola Popovski

На прашањето како ќе го коментира изборот на Александар Даштевски, за претседател на ДИК, поранешниот претседател на оваа институција, Александар Новаковски вели дека факт е дека во овој состав на ДИК нема доверба.

„Со тоа нема да се врати довербата во изборниот процес. Јас ќе бидам најсреќен, доколку ме демантираат. Кога ќе дојде моментот на одлуките на резултатите како мнозински систем при изборите за градоначалник, тогаш ДИК се поделува по партиска линија и тогаш ние ќе ги почувствуваме проблемите. Не можеме вака да ја вратиме довербата во изборниот процес.  Имавме два изборни циклуси со тесен резултат, и одма имаме тензии во ДИК, каснење со резултати. Ние во моментов, мора да признаеме дека ДИК ќе биде контролиран од политичките партии“, изјави Новаковски.

Слични содржини