Нови 100 нови жаришта во Шпанија во текот на викендот

од Vladimir Zorba

Коронавирусот продолжува да се шири во Шпанија, па повеќе од 100 жаришта се регистрирани во саботата навечер, од кои најсилното е околу каталонскиот град Леида, соопшти шпанското Министерство за здравство.

Министерот Салвадор Иjаје рече дека повторното избувнување на вирусот е неизбежно „додека не се најде вакцина или лек“.

Шпанија, една од најпогодените европски земји, ја укина вонредната состојба на 21 јуни со цел да ја врати парализираната економија во живот. Штом на 47 милиони жители им беше дадена слобода на движење, беа забележани бројни собири, вклучително и забави, што придонесе за нова загрижувачка ситуација.

Во последните две недели, дијагностицирани се 5.400 новозаразени.

Министерот Иjаје ги повика жителите да се однесуваат одговорно, особено во Каталонија, која во моментов е најпогодениот дел. Каталонската влада изолира старечки домови во областа Леида каде се пријавени 20 заразени со коронавирус. Дванаесет од нив се регистрирани во фирми за собирање овошје и зеленчук во тамошните полиња, а четири во домовите на стари лица.

Локалните болници во Леида го удвоија бројот на пациенти во последните денови. Во густо населениот град L’Hospitalet de Llobregat 107 жители се разболеле минатата недела.

Ситуацијата е загрижувачка и во северните провинции Галиција и Баскија, бидејќи регионалните избори се одржуваат таму во недела. И двете автономни провинции забранија гласање за пациенти со коронавирус, што предизвикува контроверзии.

Јужната провинција Андалузија, со своите песочни плажи и температури кои достигнаа 40 степени во последните денови, истакна дека носењето маски за лице е задолжително на јавни места.

Шпанија ги отвори своите граници на 21 јуни и дозволи туристички патувања, но досега немаше значајни пристигнувања од странство. Во внатрешниот сообраќај нема метеж.

Во Мадрид, автобуската станица Avenida de América, од каде автобусите одат кон големите градови Барселона, Сарагоса и Гранада, беше пуста во вечерните часови. Жителите на Мадрид шетаат по улиците со маски и седат на терасите на кафулињата што беа исполнети во саботата навечер.

Заклучно со февруари, околу 254.000 луѓе во Шпанија се заразени, а 150.380 се опоравени. Загинаа 28.400 луѓе.

Слични содржини