Нови 1166 заразени со Ковид-19

од Nikola Popovski

Од 6.458 тестирања, регистрирани се 1.166 нови случаи на КОВИД-19, стои во најновиот извештај на Министерството за здравство.

Според билансот, во Скопје има 375, Тетово – 159, Гостивар – 105, Струмица – 76, Струга – 75, Охрид – 53, Куманово – 44, Кичево – 43, Штип – 24, Кавадарци – 23, Велес – 22, Кочани – 18, Битола и Свети Николе – по 17, Радовиш – 16, Прилеп – 14, Дебар – 12, Ресен и Пробиштип – по 11, Гевгелија – 10, Крива Паланка – 8, Неготино – 6, Крушево и Македонски Брод – по 5, Делчево и Валандово – по 4, Берово и Виница – по 3, Богданци, Кратово и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани сe 232 оздравени пациенти од: Скопје – 69, Гостивар – 49, Тетово – 34, Куманово – 16, Струмица – 15, Кичево – 12, Дебар – 11, Битола – 7, Штип – 6, Виница – 3, Кочани и Неготино – по 2, Велес, Свети Николе, Радовиш, Ресен, Делчево и Кратово – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.124.993 тестирање на Ковид-19.

Слични содржини