Актуелно
Почетна / Македонија / Нови 125 случаи позитивни на КОВИД 19

Нови 125 случаи позитивни на КОВИД 19

Нови 125 случаи на новозаболени од КОВИД -19 регистрира Министерството за здравство во изминатите 24 часа. Најголем број повторно се во Скопје -46 по што следуваат Куманово со 19, Штип со 17, Тетово со 16, Струга со 7, Гостивар со 6, Велес со 3, Неготино 2 и по еден случај во Прилеп, Битола, Кочани и Делчево.

Во изминатите 24 часа починале двајца пациенти од Прилеп и Струмица. Пациентот од Прилеп е на 73 годишна возраст и бил хоспитализиран во ГОБ „* Септември“ од 19 мај, а пациентката од Струмица е на 67 години и била хоспитализирана на Клиниката за неврохирургија од 18 мај.

Оздравени се осум пациенти и тоа четворица од Велес, двајца од Прилеп и по ден пациент од Тетово и Свети Николе.

Според информациите од Министерството за здравство во последните 24 часа направени се 1085 тестирања. Од вкупниот број тестови во изминатото деноноќие, 113 теста се во рамки на скринингот во градинките во Штип и Кочани и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 2.915, бројката на оздравени пациенти е 1640, на починати 151, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.124.

Последната дистрибуција по градови е следна:

• Скопје 1201, активни 595
• Куманово 545, активни 129
• Дебар 52, активни 1
• Штип 161, активни 123
• Прилеп 218, активни 29
• Тетово 273, активни 115
• Струга 98, активни 26
• Велес 141, активни 27
• Битола 30, активни 4
• Охрид 30, активни 13
• Кавадарци 6, активни 1
• Гостивар 47, активни 26
• Гевгелија 6, активни 2
• Струмица 5, активни 2
• Крива Паланка 6, активни 0
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 3, активни 0
• Кочани 43, активни 12
• Пробиштип 5, активни 3
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 2, активни 0
• Пехчево 3, активни 0
• Берово 2, активни 1
• Валандово 3, активни 2
• Виница 3, активни 1
• Делчево 2, активни 1
• Кратово 3, активни 1
• Свети Николе 3, активни 2
• Кичево 3, активни 1
• Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 58 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 38 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 8 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.

loading...