Нови 15.797 случаи на Ковид-19 во Франција, потврдени повеќе од половина милион заразени луѓе

од Vladimir Zorba

Бројот на потврдени случаи на заразени со коронавирус во Франција надмина половина милион луѓе.

Во Франција, потврдени се уште 15.797 случаи на Ковид-19 во последните 24 часа, со што вкупниот број на луѓе позитивни на коронавирусот достигна 513.034 од почетокот на пандемијата.

Бројот на смртни случаи поврзани со коронавирусот во Франција е зголемен за 150 на 31.661.

Слични содржини