Нови 15 смртрни случаи од коронавирусот во Кина

од Vladimir Zorba

Пријавени се дополнителни 15 смртни случаи во кинеската провинција Хубеи, со што бројот на починати од новиот коронавирус се зголеми на 41, соопштија локалните власти, додавајќи дека се регистрирани уште 180 заразени.

Епидемијата на новиот смртоносен вирус, што почна од главниот град на таа провинција Вухан, ги принуди кинеските власти да преземат мерки за ограничување на ширењето на вирусот, вклучително и суспендирање на јавниот превоз во 10 градови, затворање на храмови за време на кинеската новогодишна прослава, како и Кинескиот ѕид.

Вирусот е веќе регистриран и во Европа – во Франција се регистрирани три случаи кај луѓе кои патувале во Кина.

Слични содржини