Нови 256 ковид-случаи во последното деноноќие

од Nikola Popovski

Министерството за здравство вечерва објави дека во последните 24 часа се направени 2.778 тестирања, а регистрирани се 256 нови случаи на КОВИД-19.

Билансот по градови изнесува: Скопје – 160, Куманово – 32, Прилеп – 9, Охрид – 8, Кавадарци, Струмица и Струга – по 6, Битола и Ресен – по 5, Крива Паланка – 4, Велес – 3, Тетово, Гостивар и Кичево – по 2, Штип, Свети Николе, Дебар, Радовиш, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 545 оздравени пациенти од: Скопје – 172, Тетово – 171, Гостивар – 50, Кавадарци – 18, Кичево – 16, Прилеп и Битола – по 12, Струмица, Штип и Свети Николе – по 10, Ресен – 8, Крива Паланка – 6, Велес, Радовиш, Делчево и Кратово – по 5, Пробиштип и Македонски Брод – по 4, Неготино и Берово – по 3, Охрид, Струга, Кочани, Гевгелија, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 2, Виница и Валандово – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.206.597 тестирање на Ковид-19.

Слични содржини