Нови 32 лица ја загубија битката со Ковид-19

од Vladimir Zorba

Министерството за здравство соопшти дека нови 32 лица ја загубија битката со коронавирусот во изминативе 24 часа.

Од нив, 10 од Скопје (91г , 83г , 65г , 79г , 2 лица по 74г, 72г, 70г, 63г и 60г), по 2 починати пациенти од Куманово ( 73г и 65г), Прилеп (90г и 81), Тетово (77г И 74г), Гостивар (78г и 48г), Кавадарци (70г и 46г), Гевгелија (66г и 61г) и Виница (67г и 64) и по 1 починат пациент од Битола (88г), Берово (76г), Велес (81г), Крива паланка (61г), Неготино (61г), Охрид (81г), Свети Николе (70г) и Штип (64г).

Досега во земјата се направени вкупно 666.091 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 141.157, бројката на оздравени пациенти е 115.433, на починати е 4.182, а бројот на активни случаи изнесува 21.542.

Слични содржини