Нови 333 нови случаи, починаа 11 лица

од Берта Китинска

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3511 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на ковид-19: Скопје – 181, Прилеп и Битола – по 25, Охрид – 14, Куманово и Струмица – по 8, Велес и Кавадарци – по 7, Кичево – 6, Кочани, Ресен, Валандово и Демир Капија – по 5, Штип – 4, Гевгелија, Неготино, Радовиш и Пробиштип – по 3, Крива Паланка, Делчево, Виница, Крушево и Македонски Брод – по 2, Тетово, Гостивар, Струга, Свети Николе, Богданци и Демир Хисар – по 1.

Регистрирани сe 311 оздравени пациенти од: Скопје – 143, Битола – 23, Охрид – 17, Кавадарци – 16, Прилеп – 15, Куманово – 13, Струмица и Штип – по 9, Валандово и Велес – по 8, Неготино – 7, Гевгелија – 6, Кочани – 5, Крива Паланка, Крушево и Свети Николе – по 4, Ресен, Радовиш, Пробиштип и Тетово – по 3, Кичево – 2, Демир Капија, Делчево, Виница, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Велес (64г и 83г) и по едно починато лице од Скопје (74г), Прилеп (90г), Кичево (85г) и Радовиш (79г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се дополнително 5 лица, починати во период од 22.11 до 20.12.2021 година. Починатите лица се од Куманово (2), Скопје (1), Битола (1) и Гостивар (1). Починатите лица се на возраст од 1г до 86г. Од пријавените, 3 лица се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.

Направени се 3511 тестови преку: ИЈЗ-252, ЦЈЗ Скопје-78, ЦЈЗ Битола-65, ЦЈЗ Прилеп-52, ЦЈЗ Тетово–6, ЦЈЗ Куманово-65, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–114, Жан Митрев (Филип Втори)-74, Авицена-182, Биотек-180, Систина-68, лабораторија Лаор-126, Синлаб-12, Ремедика-12, Плодност–43, Генеа-12, Никоб лаб-311, ВФВ Медикал-97, Ели Медика-65, Ројал Медика–18, Спектра-ММ-10, Рапид Лаб–21, Жан Митрев Струмица–14, Нова Лаб Дијагностика–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.614.

Досега во земјата се направени вкупно 1 565 599 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222 666, бројот на оздравени пациенти е 209 602, на починати е 7879, а бројот на активни случаи изнесува 5185.

Слични содржини