Нови 35 случаи на Ковид-19, пет лица починале

од Nikola Popovski

Од Министерството за здравство објавија дека во последните 24 часа направени се 1120 тестирања, а регистрирани 35 нови случаи на Kовид-19 и тоа по градови:

– Скопје 22
– Куманово 4
– Штип 1
– Тетово 6
– Струга 1
– Гостивар 1

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починал пациент од Скопје (69г) хоспитализиран на 15 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (70г) примен во болницата на 17 мај и двајца од Скопје, пациент на возраст од 70 години, примен на 28 мај и 47 годишен пациент на болничко лекување од 21 мај. Во денешниот извештај на ИЈЗ е евидентирано и бебето од Скопје кое, на барање на родителите, со авион беше транспортирано во Швајцарија каде починало. Бебето беше хоспитализирано на Детската клиника и имаше позитивен резултат на ковид-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 19 оздравени пациенти и тоа по градови:

– Скопје 8
– Куманово 3
– Прилеп 2
– Тетово 1
– Велес 1
– Битола 2
– Неготино 2

Досега во земјата се направени вкупно 28804 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 487 тестира се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Куманово и Скопје, а потврден е еден позитивен случај во градинка во Тетово. Досега во рамките на скринингот се направени 3502 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2164, бројката на оздравени пациенти е 1535, на починати е 131, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 498.

Слични содржини