НОВИ 460 ЗАБОЛЕНИ, вкупно 12 лица починале од ковид

од Берта Китинска

Дванаесет починати и нови 460 заболени се регистрирани во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство, направени се 2.424 тестирања, а регистрираните нови случаи на ковид-19 се во:

Скопје – 185, Прилеп – 54, Битола – 45,Кавадарци -28, Берово – 20, Куманово – 15,Гевгелија – 11, Велес – 10, Тетово, Охрид, Радовиш и Делчево по 9, Кочани и Крива Паланка по 7, Кратово – 5, Неготино и Валандово по 4, Струга, Виница и Македонски Брод по 3, Струмица , Ресен, Крушево, Македонска Каменица , Пехчево и Дојран по 2, Гостивар, Штип, Кичево, Свети Николе, Дебар, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија по 1.

Регистрирани сe 543 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 3 од Скопје (63, 67 и 83), 2 од Битола (66 и 83), и по едно починато лице од Куманово (79) и Берово (69). Сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, се пријавени 5 починати лица со датум на смрт од 02.10.2021 до 27.11.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Битола (1), Велес(1) и Прилеп (1). Починатите лица се на возраст од 70 до 88 и сите починале во домашни услови.

Направени се 2.424 тестови преку: ИЈЗ-332, ЦЈЗ Скопје-77, ЦЈЗ Битола-65, ЦЈЗ Прилеп-39, ЦЈЗ Тетово–11, ЦЈЗ Куманово-62, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-19, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–3, Клиника „Жан Митрев“-69, Авицена-151, Биотек-164, Систина-81, лабораторија Лаор-69, Синлаб-28, Ремедика-30, Плодност–40, Генеа-13, Никоб лаб-217, ВФВ Медикал-25, Ели Медика-22, Ројал Медика–9, Спектра-ММ-12, Рапид Лаб–1, Жан Митрев Струмица–9, Нова Лаб Дијагностика–5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 869.

Досега во земјата се направени вкупно 1.471.420 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.585, бројот на оздравени пациенти е 200.003, на починати е 7.581, а бројот на активни случаи изнесува 8.001.

 

 

Слични содржини