Нови 472 лица се позитивни на коронавирус

од Nikola Popovski

Денес се регистрирани 472 нови лабораториски позитивни случаи на коронавирус, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 197.669 лица.

Направени се 3.431 тестирања, а регистрирани се нови случаи на корона во Скопје – 222, Куманово – 47, Прилеп – 30, Велес – 23, Битола – 22, Кавадарци и Кочани – по 16, Штип – 15, Гевгелија – 9, Тетово, Охрид и Крива Паланка – по 8, Кичево – 7, Ресен – 6, Делчево и Виница – по 4, Гостивар, Струмица, Радовиш, Берово и Пробиштип – по 3, Неготино, Свети Николе и Дебар – по 2, Валандово, Кратово, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани сe 498 оздравени пациенти од: Скопје – 255,Куманово – 58, Велес – 28, Охрид – 19, Струмица – 18, Прилеп – 17, Битола – 15, Кавадарци и Штип – по 14, Струга – 9, Кичево – 7, Крива Паланка – 5, Тетово, Кочани, Гевгелија, Неготино и Радовиш – по 4, Свети Николе, Кратово и Македонска Каменица – по 3, Ресен, Делчево и Пробиштип – по 2, Виница, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.

Слични содржини