Нови 51 ковид-случаи и 308 оздравени во последното деноноќие

од Nikola Popovski

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа има регистрирани нов 51 ковид-случај од вкупно 755 тестирања.

Билансот по градови изнесува Скопје – 25, Прилеп – 9, Кавадарци – 7, Струмица и Струга – по 2, Куманово, Штип, Велес, Кочани, Кичево и Делчево – по 1.

Министерството исто така соопшти дека регистрирани се 308 оздравени пациенти и тоа од градовите: Скопје – 135, Охрид – 36, Кавадарци – 18, Струга – 15, Велес – 14, Прилеп – 12, Битола – 10, Крива Паланка – 7, Тетово и Неготино – по 6, Штип – 5, Струмица, Кочани, Дебар и Крушево – по 4, Куманово, Кичево и Гостивар – по 3, Свети Николе, Гевгелија, Берово, Пробиштип, Валандово и Македонски Брод – по 2, Радовиш, Виница, Кратово, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 487.716 тестирања на Ковид-19.

Слични содржини