Нови 528 заразени и 327 оздравени пациенти од коронавирус

од Nikola Popovski

Нови 528 заразени и 327 оздравени пациенти од коронавирус, регистрира Министерството за здравство. Според здравствените власти, од 4.323 тестирања, билансот на заразени во последните 24 часа, изнесува Скопје – 200, Битола – 53, Прилеп – 42, Кавадарци – 34, Велес – 24, Кочани – 22, Штип – 19, Куманово – 18, Охрид – 13, Струмица и Гевгелија – по 10, Крива Паланка и Пробиштип – по 9, Кратово и Демир Хисар – по 7, Тетово, Ресен и Валандово – по 6, Гостивар и Неготино – по 4, Кичево, Свети Николе, Берово и Делчево – по 3, Струга, Радовиш, Виница, Богданци и Демир Капија – по 2, Македонска Каменица, Дојран и Пехчево – по 1.

Оздравените пациенти се од: Скопје – 133, Битола – 37, Куманово – 27, Кавадараци – 19, Тетово – 18, Велес – 14, Штип и Охрид – по 10, Прилеп – 8, Кочани, Струмица и Крива Паланка – 7, Гевгелија, Валандово и Кичево – по 4, Пробиштип, Демир Хисар, Свети Николе и Радовиш – по 3, Неготино и Крушево – по 2, Кратово и Гостивар – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.426.274 тестирања на Ковид-19.

Слични содржини