Нови 718 КОВИД-случаи, 95 граѓани се заразиле по втор пат

од Nikola Popovski

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.044 тестови, а регистрирани се 718 нови случаи на КОВИД-19.

Билансот по градови изнесува: Скопје – 505, Битола – 30, Куманово – 29, Прилеп – 26, Кавадарци – 23, Гевгелија – 14, Велес – 10, Гостивар и Струмица – по 8, Тетово – 7, Штип, Кичево и Делчево – по 6, Неготино и Ресен – по 5, Струга, Богданци и Демир Хисар – по 4, Свети Николе и Радовиш – по 3, Охрид, Крива Паланка и Дебар – по 2, Кочани, Валандово, Пробиштип, Кратово, Крушево и Македонска Каменица – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (718), регистрирани се 95 реинфекции.

Регистрирани сe 1.244 оздравени пациенти од: Скопје – 612, Битола – 105, Прилеп – 104, Куманово – 47, Тетово – 34, Кавадарци – 33, Велес – 30, Струмица и Штип – по 28, Валандово – 26, Гостивар – 22, Гевгелија, Кичево, Ресен, Радовиш и Кочани – по 18, Неготино – 15, Богданци – 9, Свети Николе – 8, Крушево и Берово – по 7, Кратово, Македонска Каменица, Македински Брод и Пехчево – по 5, Делчево, Демир Хисар и Пробиштип – по 4, Дебар и Виница – по 2, Струга, Охрид и Дојран – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.749.733 тестирања на КОВИД-19.

Слични содржини