Нови 837 смртни случаи во Италија: Се намалува бројот на заразени и се зголемува бројот на излечени

од Nikola Popovski

Во Италија, 837 лица починале од коронавирус во последните 24 часа, додека 4.053 е бројот на новозаразени.

Италијанците сметаат дека тие се во пикот на борбата против епидемијата, со оглед на фактот дека сите бројки опаѓаат, освен бројот на мртви, при што расте бројот на излечени.

За еден ден, излечени се 1.109 лица.

Сепак, Италијанците исто така бараат голема претпазливост затоа што ширењето на инфекцијата може да продолжи доколку не продолжат да се почитуваат пропишаните мерки.

Стапката на морталитет во Италија е висока и изнесува 10,6 проценти, што ја прави највисока во светот. Кај лицата постари од 80 години со повеќе болести, таа е 28 проценти.

Најпогодена е провинцијата Ломбардија, во која бројот на нови случаи опаѓа и во последните 24 часа се регистрирани 1.047 заразени лица, а 458 лица починале.

Од избувнувањето на епидемијата, во Италија се заразени 105.792 лица, а 12428 се починати.

Слични содржини