Нови „бомби“: Мицкоски на тајна средба ги убедувал независните пратеници да не гласаат за Законот за ЈО

од Берта Китинска

 

Нови „бомби“ се објавени утрово на Јутјуб каде се слуша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој според името на една од снимките, имал тајна средба со осумте исклучени пратеници од партијата да не гласаат за Законот за јавно обвинителство.

Снимките се именувани како „Лицемерие на Мицко“, „Најважна работа се предметите на СЈО“, „Вистината еден ден ќе излезе“ и „Мицко со 8те независни од ВМРО со понуда на маса“ и се објавени на каналот Обнова на режимот .

Во еден од разговорите Мицкоски зборува за активности и набројува дека третата е најважна, а тоа е Законот за јавно обвинителство. Тој објаснува дека на нелегален начин предметите од СЈО се префрлаат во надлежност на Јавното обвинителство.

„Третата активност која што е не помалку важна, можеби најважна, е Законот за јавното обвинителство. На комплетно нелегален начин ги префрлија предмет таму каде што ги префрлија и тоа за нив беше силно доволно за да продолжат политичките притисоци, уцени, закани, за политички неистомисленици. И они немаат желба понатаму да има решение по закон, иако фингираат преговори пред меѓународна заедница и пред нас и така натаму“, вели Мицкоски.

Слични содржини