Нови детали: Прегазената девојка пред „Сити мол“ имала 24 години, повредено уште едно лице

од Nikola Popovski

МВР вечерва информираше дека има уште едно повредено лице во трагичната сообраќајка што се случила во непосредна близина на крстосницата пред „Сити мол“.

Како што велат од полицијата, на лице место починала 24-годишна девојка од Радовиш.

-На 20.01.2022 год. во 19.44 час. пријавено е дека на улицата Московска со бул.Партизански Одреди се случила сообраќајна незгода во која ПМВ Цитроен управувано од Ј. Ѓ. (1999) од Скопје удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш, кој е повреден и пренесен во ГОБ 8-ми Септември и В.Н. (1997) од Радовиш која починала на лице место, соопштија од МВР.

Повеќе детали се најавуваат во текот на утрешниот ден.

Слични содржини