Нови детали за хоророт во клиниката во Германија: Закланите пациенти пронајдени во различни соби

од Stefanija Kuzmanovska

Четири лица загинаа, а едно е тешко повредено на клиниката за ортопедија Оберлин во источниот германски град Потсдам. Полицијата уапсила вработена (51) во клиниката, а убиствата наводно биле извршени со нож.

Полицијата сè уште не објави информации за жртвите, наводно пациенти на клиниката, кои починале од „екстремно насилство“, пренесуваат германските медиуми.

Додаваат дека вработената ги убила пациентите со нож, но засега нема официјална потврда.

Злосторството се случило синоќа околу 21 часот, а полицијата и форензичарите цела ноќ ја поминале на самото место, истражувајќи го случајот.

Медиумите јавуваат дека работничката на клиниката наводно им раскажала на своите пријатели што сторила.

Според непотврдени информации, убиецот им го пресекол грлото на жртвите, а полицијата ги пронашла во различни соби, пренесува Rtl.de.

Истражителите досега не ги коментираа овие гласини, а истрагата продолжува.

Покрај можниот мотив и текот на настаните, исто така не е јасно каква функција имал осомничената во болницата.

Комплексот каде се случило злосторството вклучува клиника, градинки и училишта, работни и стамбени простории за лица со попреченост и центри за советување.

Слични содржини