Нови детали за инцидентот со „Рајанер“: Закана дека бомбата ќе биде активирана над Вилнус

од Stefanija Kuzmanovska

Авторите на меилот за бомбата во авионот  на „Рајанер“ се заканиле дека истата ќе ја активираат над Вилнус, соопшти Министерството за транспорт на Белорусија.

Како што се наведува, Минск извршил притисок врз капетанот на авионот „Рајанер“ да слета во Минск.

Белорусија ги поканува сите заинтересирани страни да учествуваат во истрагата на овој инцидент.

Меѓу другото, Белорусија ја повикува Литванија заеднички да ја испита ситуацијата со авионот на „Рајанер“.

Засега, Министерството не забележа масовно повлекување на авиокомпаниите од летовите над Белорусија. Тие се надеваат дека ЕУ нема да воведе ваква забрана.

Во соопштението се наведува дека Минск се надева дека здравиот разум ќе надвладее во ЕУ и дека тој самиот нема да воведе забрани за летови на европски компании над Белорусија.

Министерството за транспорт додаде дека во Минск биле непријатно изненадени од медиумската дезинформација во врска со оваа состојба.

Слични содржини