НОВИ ДЕТАЛИ ЗА НАПАЃАЧИТЕ НА МАКРОН: Уапсено е лицето кое ја сними шлаканицата

од Nikola Popovski

Артур Ц. беше уапсен како соучесник на Дамиен Тарел и обвинет за снимање на шлаканицата врз францускиот претседател Емануел Маркон и објавување на Интернет. Според досегашните сознанија, двоецот се здружил, а за време на нападот, двајцата, наводно, биле во алкохолизирана состојба.

Демиен Тарел, кој му удри шлаканица на Макрон, ги следи ројалистичките и ултраконзервативни католички страници на социјалните мрежи, па се заклучува дека ова е уште еден показател дека екстремизмот се провлекол во француската политика и општество.

Макрон не беше повреден и продолжи со своите обврски според планот, поради што медиумите го пофалија. Тој имаше средби со граѓани, што е целта на неговата турнеја, да ги обнови контактите со граѓаните по пандемијата и пред изборите.

Тарел е опишан како љубител на игрите во кои се водат војни во средновековен амбиент, а додека го удираше Макрон извикуваше „Montjoie Saint Denis“, што е средновековен, ројалистички воен крик и знак за поддршка на екстремистичките кругови во Франција. Се чини дека Тарел ја измешал границата помеѓу реалниот свет и видео игрите. Кога младиот човек, кој живее со својата мајка и работи разни невообичаени работи, бил запрашан зошто го сторил тоа што го направил, тој во неговите одговори понуди „идеолошки гулаш“, велат полициски извори.

Двете лица се опишани дека живеат на социјална маргина во паралелен свет на средновековна носталгија и видео игри. Некои медиуми објавија дека се поврзани со „жолтите елеци“, движење против растечката нееднаквост во општеството, за кое симпатии имаат и ултрадесничарите и ултралевичарите.

Макрон го опиша нападот врз себе како „идиотизам“ а лидерката на десничарската опозиција, Марин Ле Пен, брзо се дистанцираше и го осуди инцидентот.

Слични содржини