Нови детали за првиот состанок на Меган и Хари: „Го освои додека сè уште живееше со бившиот“

од Stefanija Kuzmanovska

Нова книга ја обвини Меган Маркл дека „фрлила магија“ на принцот Хари додека сè уште живеела со своето поранешно момче, готвачот Кори Вител, пишува News.com.au.

Последната книга „Одмазда: Меган, Хари и војната меѓу Виндзорите“, објавена во Велика Британија, тврди дека Меган Маркл сè уште живеела со своето поранешно момче, готвачот Кори Вител, кога отишла на првиот состанок со принцот Хари.

Веб порталот „Page Six“ пишува дека Меган го реализирала својот план да се поврзе со група добро поврзани Британци, вклучувајќи ја и пријателката на Хари од детството, Виолет фон Вестенхолц, која работела како публицистка за „Ралф Лорен“.

Меган беше ангажирана да ја носи облеката на споменатиот дизајнер за време на тенискиот турнир Вимблдон во летото 2016 година.

Во разговор со Вестенхолц, актерката наводно ја убедила оваа „чувствителна душа“ да ѝ „договори“ средба со принцот Хари.

Авторот на книгата, Том Бауер, пишува дека проблемите на Меган тогаш им биле познати на сите: таа била немажена актерка во средината на триесеттите, која се плашела од осаменост и финансиска несигурност.

Пред да се согласи да излезе со Меган, Вестенхолц му испратила на Хари слики од актерката.

Иако Бауер пишува дека врската на Меган со готвачот Вител во тоа време била на стаклени нозе, тие сепак го делеле домот.

Книгата, исто така, тврди дека две недели по нивниот прв состанок на 1 јули 2016 година, „Хари тајно одлетал во Торонто каде што остана околу една недела во куќата на пријателката на Меган, Џесика Малрони“.

Бауер продолжува да пишува дека „на крајот на неделата кога Хари требаше да се врати во Лондон, Меган знаела дека нејзината магија е фрлена и дека нејзината врска со Хари ќе успее“.

Тогаш му кажала на своето момче дека нивната врска е завршена.

На крајот на 2016 година почнаа да кружат гласини дека принцот Хари бил во врска со американската актерка кога и тој самиот ја потврдил нивната врска. Само 18 месеци подоцна, парот се вери, а Хари тогаш им кажа на новинарите дека веднаш знаел дека Меган е вистинската.

Слични содржини