НОВИ ДЕТАЛИ ЗА СУПЕРЛИГАТА: Откриен планот на Перез, клубовите ги „крадат“ трофеите од ЛШ?

од Nikola Popovski

Продолжува да се шпекулира што ќе се случи со европскиот фудбал сега откако е отворена „Пандорината кутија“.

УЕФА се заканува дека ќе ги исфрли клубовите од Лигата на шампионите и Лигата на Европа и поради тоа другите би можеле да профитираат, но 12 богати клуба не се откажуваат од својата идеја.

Тие сакаат да ја основаат Европската суперлига, а целиот проект го води Флорентино Перез, првиот човек на Реал Мадрид. Неговиот план „протече“ во шпанските медиуми, па новинарот на „Ла Галерне“ Пол Тенорио откри неколку нови детали за тоа како ќе функционираат работите во ова ново натпреварување.

Некои работи се веќе познати засега, 12 клуба се дел од таа идеја, уште три веројатно ќе добијат сигурно место во лигата, додека останатите пет места ќе ги комплетираат други тимови врз основа на нивните резултати во претходните сезони.

Тоа би дало 20 екипи во Европската суперлига, но најголемата вест засега е дека ќе ги „преземат“ трофеите од Лигата на шампионите!

Имено, 12-те клубови постигнале договор трофеите на сите клубови освоени во Лигата на шампионите да бидат „префрлени“ во Суперлигата, наместо бројот на освоени трофеи да се „ресетира“ и да се бројат од нула.

Ова значи дека кога ќе се основа Суперлигата, Реал Мадрид ќе започне да се натпреварува со 13 шампионски титули, Милан со седум, Ливерпул со шест итн,

Тенорио исто така наведува дека засега идејата е Суперлигата да започне во август 2021 година, но дека ништо не е загарантирано и дека сè може да започне подоцна. Причините се јасни, останува уште многу да се стори за да се осигура дека ова „бегање“ од УЕФА е целосно извршено.

Што ќе се случи тогаш со Лигата на шампиони на УЕФА? Тенорио го нуди својот поглед на ситуацијата.

„Ќе биде заменета со Суперлигата. УЕФА ќе треба да одлучи дали сака да направи уште едно континентално натпреварување со многу послаб квалитет и вкус. Би било најнормално да има едно или две натпреварувања за тимови кои не успеваат да се пласираат во Суперлигата. Ќе видиме “, изјавил новинарот близок до Реал Мадрид, еден од клубовите-основачи на целиот проект Суперлига.

Слични содржини