НОВИ ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА КАЈ ЗВОРНИК: Зошто од авионот се катапултирал само еден пилот

од Aleksandar Petrovski

Трагедијата за смртта на двајца пилоти на српската армија ја шокираше јавноста. За немилиот настан не престанува да се зборува, а генералот Бранко Билбија зборуваше за ова во српските медиуми.

– Имаше недоразбирање кога станува збор за трансфер на информации за катапултирање. Еден пилот не може да се катапултира на двоседот МиГ 21. Битно е кој пилот ја носи одлуката. И двајцата се катапултирани – истакна генералот, објаснувајќи дека со дејствие на едниот од нив, и двајцата се катапултираат.

Генералот објасни дека постои можност да се изврши таква интервенција за катапулт на едно, а не на друго седиште.

Сепак, како што рече, шансите за тоа се слаби, бидејќи во таква ситуација, катапултирање на еден ќе треба да се изврши намерно, што не било случај во оваа несреќа.

Слични содржини