Актуелно
Почетна / Глобално / Балкан / Нови детали за убиството на водачите на „Шкаљарски клан“ во Атина: Поврзани се двајца Хрвати и еден Србин

Нови детали за убиството на водачите на „Шкаљарски клан“ во Атина: Поврзани се двајца Хрвати и еден Србин

Грчката служба за безбедност ја испитува можната врска помеѓу убиството на двајца меѓународно гонети Црногорци во неделата во селото Вари, во близина на Атина, со претходни апсења.

Наводно,станува збор за апсење на двајца хрватски државјани и еден српски државјани на 6 јануари во крајбрежната атинска населба Глифади, пишува дневниот весник „Катимерини“.

Според грчки полицаец, чие име не е наведено, во четири часот наутро на 6 јануари, тројца мажи биле уапсени по конфронтација со гости и персонал на ноќен клуб.

Еден имал оружје со избришан сериски број. Според полициски извор, сите тројца се Срби по националност, влегле во Грција со лажни документи и престојувале во изнајмени куќи на еден ден.

Нивното апсење првично се сметаше за случај со мал интерес за  истрагата, но беше преиспитано во последните 24 часа бидејќи се претпоставува дека е поврзано со крвавата вчера вечер во Вари, на околу 20 километри од Атина.

Двојното убиство,  на 43-годишните Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ, се случило околу 6.30 часот во неделата во популарната таверна „Воскопула“  во влашкото село Вари, познато по специјалитетот  јагне на скара

Четворица од сторителите влегле во таверната со лица делумно покриени со шал и капа, се приближиле на масата на која двајца Црногорци јаделе со своите семејства и ги застрелале одблизу, скоро до директен контакт на пиштолите со главите.

Службениците на Одделението за криминалистички истраги собрале чаури од 22 куршуми со калибар од девет милиметри на местото на настанот. Жртвите биле убиени со истрели од огнено оружје до главата, што укажува дека станува збор за нарачана ликвидација извршена од платените убијци, објави весникот.

Убиството се случи пред две деца – деветгодишно момче и шестгодишно девојче. Еден од куршумите ранил една од сопругите во бутот.

loading...