Нови детали за здравствената состојба на Чедомир Јовановиќ: Прима морфиум со четири антибиотици

од Nikola Popovski

Српскиот лидер на Либерално-демократската партија, Чедомир Јовановиќ, конечно спиел цела ноќ без болка, бидејќи терапијата што му ја препишале лекарите му донела очекувани резултати, објавија српските медиуми

– Сега е многу подобро. Болката ја снема и тој дише сам. Утврдено е дека нема ништо акутно во неговиот случај. Тој беше подложен на магнетна резонанца на белите дробови, крвните садови и стомакот и сите други потребни тестови и беше утврдено дека нема акутни проблеми. Што е најважно, терапијата ги даде посакуваните резултати и лекарите предвидуваат успешно закрепнување. Бидејќи не е позитивен на коронавирус, Чедо наскоро би можел да биде пуштен на домашно лекување – изјави извор близок со Јовановиќ, пренесува Новости.

Шестдневен третман

Лидерот на ЛДП е во болница веќе шест дена во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“, а беше примен поради силна болка во градите и стомакот. Во тоа време постоеше сомневање дека тој бил повторно заразен со вирусот, затоа што бил примен на Инфективната клиника во Белград пред шест месеци со слични симптоми. Јовановиќ беше хоспитализиран повеќе од десет дена во јули поради инфекција со коронавирус и умерена клиничка слика.

Пневмонија

Потсетуваме, во последниве денови во медиумите се појавија разни информации за состојбата на Јовановиќ, што, според неговата сопруга Јелена, не беа точни. Тој има пневмонија, која се провлекува уште од јули, заедно со емболија, а каква е вистинската дијагноза, лекарите допрва треба да откријат.

– Лошо е, трпи страшна болка, поради што прима кетанол, троодон, па дури и морфиум со четири антибиотици. Сите негови параметри се нарушени. Тие се сомневаа на внатрешно крварење, но за среќа не е. Неговиот крвен притисок е ужасно висок и тешко е да се врати во нормала со лекови – изјави за „Блиц“ вчера, неговата сопруга Јелена Јовановиќ.

Слични содржини