Нови дојави за бомби во скопски училишта

од Radmila Tasevska

Денес осум училишта во Скопје добиле закани за поставени бомби.

Од МВР информираат дека денеска во СВР Скопје е пријавено дека на меил адреси на осум училишта и тоа Јосип Броз – Тито, Раде Јовчевски Корчагин, Панче Арсовски, Михајло Пупин, Никола Карев, Арсеније Јовков, Орце Николов и Владо Тасевски во Скопје е упатена закана за поставена бомба.

Од полициски службеници веднаш по добиената пријава се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата.

Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Слични содржини