Нови еко- правила: Од 1 декември во продажба ќе бидат само биоразградливи кеси

од Берта Китинска

Од 1 декември стапува на сила и забрана за еднократна употреба на пластични пакувања од угостителски објекти во заштитените подрачја, согласно новите закони за управување со отпад

„Со новата регулатива, се овозможува отворање на повеќе нови работни места и точно се регулираат обврските и одговорноста на сите чинители во овој процес, како локалната самоуправа, производителите на отпад, граѓаните, економските субјекти, а по пронципот ’загадувачот плаќа’. Забраната за употреба на пластични кеси за носење производи ќе стапи на сила од 1 декември. Дозволена е само продажба на биоразградливи кеси кои не смеат да бидат ќе бидат екстра лесни и за кои се плаќа надоместок од 15 денари кој во поголем дел ќе оди во фонд за заштита на животната средина. Од 1 декември се забранува и еднократна употреба на пластични пакувања од угостителски објекти, за почеток, во заштитените подрачја“, вели министерот за животна средина Насер Нуредини.

Слични содржини