Нови киксови на Јунајтед и Арсенал, овој пат во Европа

од Vladimir Zorba

Манчестер јунајтед продолжува со потпросечните игри оваа сезона, откако загуби со 1:2 при гостувањето во Астана на средбата во групата Л во Лигата на Европа.

Џеси Лингард му донесе предност на Јунајтед, но Шомко изедначи, додека Бернард постигна гол. Така, Британците не запираат со своите киксови во Премиер лигата и Европа, но сепак одат напред во турнирот.

Треба да се напомене дека менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер им даде шанса на играчите кои добиваат помалку време, како и на младите фудбалери од училиштето.

Арсенал пак загуби од Ајнтрахт во Лигата на Европа со 1:2, а тоа веројатно ќе биде последниот натпревар за Унаи Емери, и покрај неговите тврдења дека има поддршка од управата.

Неколку навивачи на „Емирати“ повторно упатија свирежи кон екипата, која играше добро до паузата и поведе, но по паузата дозволи брз пресврт, а потоа не успеаја дури и да изедначат. Тоа беше седми последователен натпревар на „топџиите“ без победа, најдолгата негативна низа од 1992 година!

Тоа беше и прв пораз на Арсенал во групата Ф, но екипата останува на чело со 10 поени, додека Германците се со 9.

Резултати од ЛЕ, 5 коло:

Група А
Дуделанж – АПОЕЛ Никозија 0:2
Севиља – Карабак 2:0

Група Б
Лугано – ФК Копенхаген 0:1
Малме – Динамо Киев 4:3

Група Ц
Краснодар – Базел 1:0
Трабзонспор – Хетафе 0:1

Група Д
Розенборг – ЛАСК 1:2
Спортинг – ПСВ Ајндховен 4:0

Група Е:
Селтик – Рен 3:1
Лацио – Клуж 1:0

Група Ф
Арсенал – Ајнтрахт Франкфурт 1:2
Виторија Гимараеш – Стандард Лиеж 1:1

Група Г
Феенорд – Ренџерс 2:2
Јанг Бојс – Порто 1:2

Група Х
ЦСКА Москва – Лудогорец 1:1
Ференцварош – Еспањол 2:2

Група И
Олександрија – Волфсбург 0:1
Сент Етјен – Гент 0:0

Група Ј
Истанбул Башакшекир – Рома 0:3
Волфсбергер – Борусија Менхенгладбах 0:1

Група К
Бешикташ – Слован Братислава 2:1
Брага – Вулверхемптон 3:3

Група Л
Астана – Манчестер Јунајтед 2:1
АЗ Алкмар – Партизан 2:2

Слични содржини