Нови ковид-бројки: Повеќе оздравени отколку заразени во последните 24 часа

од Nikola Popovski

Регистрирани се 353 нови случаи на коронавирус од 3162 тестирања, информира попладнево Министерството за здравство.

Според бројките по градови, позитивни има во Скопје – 174, Прилеп – 42, Битола – 27, Кавадарци – 22, Куманово и Велес – по 13, Валандово – 9, Охрид – 8, Кичево, Гевгелија и Неготино – по 6, Тетово – 5, Кочани – 4, Свети Николе и Радовиш – по 3, Штип, Струмица, Крива Паланка и Богданци – по 2, Гостивар, Делчево, Кратово и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани сe исто така и 450 оздравени пациенти од: Скопје – 235, Битола – 39, Прилеп и Куманово – по 26, Охрид – 20, Кавадарци – 15, Струмица – 13, Кочани – 11, Велес, Берово и Демир Хисар  – по 7, Радовиш и Штип – по 6, Гевгелија, Крива Паланка и Кратово – по 4, Тетово – 3, Кичево, Свети Николе, Делчево, Струга, Ресен, Виница и Пробиштип – по 2, Валандово, Неготино и Пехчево – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.507.103 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.843, бројот на оздравени пациенти е 206.661, на починати е 7.754, а бројот на активни случаи изнесува 5.428.

Слични содржини