Нови мерки: На погреби во Загреб само со ковид-потврди или негативен тест

од Nikola Popovski

Нови мерки против корона почнаа да се применуваат и на градските гробишта во Загреб.

Градските гробишта ги информирале странките, посетителите, деловните партнери, лицата ангажирани за извршување одредени задачи и другите лица кои доаѓаат по која било основа дека до работните простории, мртовечниците, капелите може да се пристапи само со поседување на ковид-потврда, негативен тест или лекарска потврда за прележан коронавирус.

Раководството на гробиштата истакна дека е неопходно да се почитуваат неопходните епидемиолошки мерки: избегнување близок контакт, употреба на заштитни маски за лице како и ограничен број луѓе на отворен и затворен простор, пренесува „Вечерњи лист“.

„На погребите, последните испраќања и положувањето урни, сочувството до ужалените не смее да се изразува преку близок контакт“, се вели во соопштението на управата на Градските гробишта.

Слични содржини