Нови мерки во Британија: Се размислува за целосен карантин

од Stefanija Kuzmanovska

Британската влада размислува да воведе целосен карантин во поголемиот дел од северна Велика Британија, а можеби и во Лондон, со цел да се избори против вториот бран на пандемијата на коронавирусот, објави „Тајмс“.

Според „Ројтерс“, новите мерки предвидуваат затворање на сите пабови, ресторани и барови на две недели.

Претходно оваа недела, премиерот Борис Џонсон рече дека воведувањето на рестриктивни мерки ќе ги загрози работните места, секојдневниот живот на граѓаните и контактите со луѓето.

„Тајмс“ наведува дека ќе бидат забранети и состаноци на членови на различни домаќинства во затворени простории.

„Ројтерс“ потсетува дека Велика Британија минатата недела воведе мерки со кои се бара сите вработени кои можат да работат од дома и дека рестораните и баровите се затвораат рано, со цел да се спречи ширењето на вториот бран Ковид-19. Овие мерки се очекува да бидат на сила шест месеци.

Училиштата и продавниците можат да работат, како и фабрики и компании каде работниците не можат да работат од дома, наведува „Тајмс“, повикувајќи се на висок извор од владата.

Слични содржини