Нови мерки во Црна Гора: Вечерва полициски час во три града

од Stefanija Kuzmanovska

Во Никшиќ, Беране и Андријевица во Црна Гора од вечерва се воведува полициски час.

Забраната за напуштање на станбени објекти во трите црногорски градови ќе биде на сила од 22.00 до 5.00 часот наутро. Забрането е работење и со угостителски објекти и домашни посети.

Во Рожаје се воведува забрана за работа со угостителски објекти и собирање во објекти за домување на лица кои не се членови на заедничко семејно домаќинство.

Угостителските објекти во Котор, Будва и Подгорица од денес можат да работат до 22 часот, максимум две лица можат да седат на масата, а растојанието помеѓу столовите мора да биде еден метар.

Станува збор за нови мерки на Националното координативно тело со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Слични содржини