Нови мутации на ковид откриени во Македонија

од Берта Китинска

„Од летото досега, во лабораторијата на МАНУ се детектирани шест-седум типа, со мутации како што биле и во Британија, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Кај нас засега не е откриена британската верзија.Се работи за сосема различен тип, што е откриен во Србија и во Швајцарија“, истакна Филипче.

Министерот Филипче вели дека новта мутација не претставува поголем ризик од обичниот ковид.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 718 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава, со исклучок на главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 412 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот.

Слични содржини