Нови напади на полициски службеници

од Nikola Popovski

За два дена регистрирани се три напади на полициски службеници.

На 27.10.2020 околу 22.00 часот на клучка Матка од полициски службеници од СВР Скопје бил приведен М.М.(48) од с.Семениште, скопско, бидејќи се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале работни задачи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.10.2020 во 17.10 часот на подрачје на Аеродром бил лишен од слобода Д.К.(39) од Скопје, бидејќи го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеник. Против него ќе следи соодветен поднесок.

На 28.10.2020 во 01.45 часот на раскрсница на пат од с.Орешани со с.Таор, скопско, од полициски службеници од СВР Скопје биле приведени С.Д.(25) од с.Таор и С.Г.(22) од с.Орешани, бидејќи физички нападнале полициски службеници кои извршувале работни задачи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Против сите лица кои се однесувале агресивно и извршиле обид за физичко насилство врз полициските службеници ќе се поднесат поднесоци.

Изминативе месеци имаше повеќе вакви инциденти.

 

Слични содржини