Нови немири избувнаа вечерва во Северна Ирска, една недела по насилствата во таа британска провинција, јави агенцијата Франс прес.
Демонстрантите ја гаѓаа полицијата со камења и молотови коктели.
Минатата недела избувнаа судири во Северна Ирска меѓу полицијата и демонстрантите. Во насилството беа повредени педесет лица.
Овие конфликти потсетуваат на немирите од пред 30 години меѓу републиканците, претежно католици и поборници за обединување со Ирска и синдикалистите, претежно протестанти кои се залагаат да останат во Велика Британија.
И покрај повиците за смирување на ситуацијата, тензиите почнаа да растат во текот на денот во Белфаст.
Локалните жители рекоа дека причина за сегашното незадоволство не е само повлекувањето на Велика Британија од Европската унија (Брегзит) и нарушувањата предизвикани од тој процес, но тие исто така веруваат дека премиерот Борис Џонсон не направил многу за Северна Ирска.