НОВИ ПОДАТОЦИ ОД ИТАЛИЈА: Скоро 35.000 новоинфицирани за само еден ден!

од Берта Китинска

Во Италија, во последните 24 часа биле потврдени 34.767 нови случаи на коронавирус, а 692 лица починале, објави Министерството за здравство.

Ова е мало намалување во споредба со претходниот ден, кога 37.242 новоинфицирани и 699 починаа, пренесува Ројтерс.

Регионот Ломбардија на северот на земјата, во кој се регистрирани 8.853 нови случаи, сè уште е најпогоден во Италија. Од почетокот на епидемијата во Италија, потврдени се 1,38 милиони случаи на коронавирус, а починале 49.261 лице.

Слични содржини